речник контакт

Офицерски дом, каква намена ќе добие?

Ќе има повеќе намени, пред се за младите и објект пристапен за секого

Петар Печков

Три години поранешниот Офицерскиот дом е руина. Полека се уништува градбата, која некогаш беше собиралиште на велешани и на нивните гости. И овој објект, како Хотелот Интернационал е грда слика од центарот на градот.

Иако локалните власти најавија дека за Денот на Општината 9-ти Ноември ќе биде готов, тоа не се случи. Одолговлекувањето се оправдува со најавите дека Офицерскиот ќе бил обновуван со грант од Светска Банка.

Очекувавме грант од Светска Банка, средства кои беа најавени по кредитот кои го подигнавме за осветлување и водовод. Поради успешноста на проектот за кој подигнавем кредит, Светска банка одобрува  грант во висина на 50 илјади евра, проект кој е по предлог на локалната власт. Процедурите се долги и обемни, додека се комплетираат, разгледаат во Њујорк – рече градоначалникот  Чадиев.

Тие веќе предвиделе 18 милиони денари во Буџетот за следната година за високо градба, од кои дел биле планирани за обнова на фасадата на Офицерскиот. 

 На пролет ќе започнеме со обновата на фасадата. При крај сме со тендерските постапка, обезбедени се средства.  Објектот ќе добие друг лик – вели Чадиев.Што се однесува до намената, се појавија дилеми, оти беше најавено дека тука ќе се згрижат пратеницте, каде би имале средби со граѓаните. Но откако сите тројца пратеници, и од власта и од опозицијата се вдомија во други простории, дилема е  за што ќе се користат новите простории. Прашање е колку Офицерскиот е практичен за матично, оти нема паркинг простор. Каде би се оставиле автомобилите при венчавка, кога нема во близина слободно место.

 Офицерскиот би бил со иста намена како што предвидовме. Кочница е дали матичното да биде таму или не, поради паркирањето. Ќе има повеќе намени, пред се за младите и објект пристапен за секого. Тука градоначалникот би ги примал официјалните гости на градот, не во работната канцеларија. Имаше идеи и предлози, да се руши, да се оформи поголем парк, мини плоштад. Тоа го оставаме за во иднина – потенцираше Чадиев.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »